Дали Zozosuit е иднинaта на купување на облека?

во Вести

Еден од најголемите проблеми кога е во прашање онлајн купувањето на облека секако е проблемот што купувачот не може да види како изгледа во неа. Zozosuit ќе се обиде да го овозможи ова преку скенирање на телото.

Zozosuit е решение кое треба да ги надмине овие проблеми. Станува збор за целосен костим што се припива на телото на корисникот. На костимот има специјални бели кругови преку кои апликацијата која се користи од паметен телефон може да ја креира 3Д сликата. Потоа со оваа слика може да си купува облека без да се грижи дека нема да му биде точна.

Процесот на креирање на моделот е прилично едноставен. Корисникот го облекува костумот и застанува пред камерата на телефонот. Бавно се врти, а телефонот креира 3д модел од него. Штом моделот е готов, корисникот може да ги види сопствените димензии во апликацијата. Понатаму само одбира облека и боја, а големината е автоматски пресметана.

Zozosuit е дело на Јусаку Маезава, основач на најголемиот јапонски сајт за онлајн продажба на облека ZOZO.jp. Компанијата има над 650 000 производи од 6 400 различни брендови. Целта на технологијата е да се надмине проблемот кој технологијата го има со различните големини.

„ZOZO е креиран да биде прилагодлив за секој човек. Не треба да се прилагодувате на ZOZO, ZOZO се прилагодува кон вас. Луѓето се единствени, но сакаат и да бидат третирани и прифатени како еднакви. Овој концепт се рефлектира во логото ЗОЗО. Кругот, квадрат и триаголници се различни бои и форми, но сепак имаат иста површина. Сите се единствени, а сепак еднакви“, вели г. Маезава.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk