Дали Tor е навистина анонимен и безбеден?

Многумина веруваат дека Tor е тотално анонимен, приватен и безбеден начин за пристапување на Интернет, а со самото тоа и дека некој не може да гледа што правите и да ве следи. Сепак, не е се така едноставно како што се прикажува, пишува HowToGeek.

За тие што не се запознаени, Tor ви ја штити анонимност такашто го рутира вашиот интернет сообраќај и оди низ мрежата на Tor, пред да стигне до финалната дестинација. На тој начин не е познато кој компјутер вистински сака да пристапи до таа адреса, но што правиме со последниот компјутер во мрежата кој има директен пристап и тој е тој што се поврзува на серверот на локацијата до која сакате да пристапите.

Доколку пристапувате до неенкриптиран вебсајт, последниот јазол ќе може да ја следи вашата активност, кои страници ги посетува, што пребарувања правите и пораките што ги испраќате. А доколку користите HTTPS за да пристапите до Gmail, на пример, тогаш е во ред, иако последниот (излезниот) јазол ќе може да види дека се конектирате на Gmail.

Во 2007 година, Ден Егерстед, експерт за безбедност пристапи до стотици лозинки и имејл пораки кои стигнале до последниот јазол. Причината за тоа е некористењето на енкриптиран пристап до и-мејл системите од страна на корисниците. Затоа, доколку користите Tor, користете HTTPS пристап кога пристапувате до некоја осетлива содржина. Инаку, вашиот сообраќај со сигурност може да биде следен од владите или некоја малициозна личност.

Исто така, стандардно на Tor е оневозможено извршување на JavaScript, не може да се користат додатоци, а доколку симнувате некоја датотека и сакате да ја отворите, Tor ќе ве предупреди за тоа.

Причината поради која е оневозможен JavaScript-от е за да се заштити корисничката IP адреса. Додатоците како Adobe Flash и останатите експерти апликации кои своите датотеки може да ги отвараат директно во прелистувачот, може да имаат потенцијал да ја добијат вашата IP адреса.

Во 2011 година група на истражувачи дојдоа до 10.000 IP адреси од корисници кои го користеа BitTorrent клиентот преку Tor. Токму затоа, никогаш не користете други апликации во прелистувачот и оставете ги стандардните Tor поставувања како што се. Tor не е семоќно решение кое ви гарантира анонимност на сајбер просторот. До некое ниво на анонимност доаѓа со префрлање на вашите барања од јазол до јазол, за на крај да дојдете до вистинската локација. Исто така, никогаш не се поставувајте да бидете еден од јазлите на Tor, особено не излезен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Eden Den
Eden Den
13 years ago

Дали знаете дека еден од минатите спонзорите на ТОР е DARPA? Ако тоа не ви кажува се… Жал ми е, навистина жал ми е, https://www.torproject.org/about/sponsors.html.en – Истово го зборев со години и години, наназад, интересно ми беше дека зборам за теории за заговори, на крајот….. Нешто сосема другачие испадна. Нареден пат, погледнувајте ги спонзорите…

Eden Decko
Eden Decko
13 years ago

How to Geek? :)

види ги сите огласи на kariera.it.mk