Дечките од GizmoSlip објавија видео во кое ја тестираат издржливоста на Samsung Galaxy S3. Популарниот телефон е релативно скап, чини околу 30.000 денари, и овие тестови ќе ви симулираат (и предупредат) што да очекувате ако телефонот ви падне од раце.
За жал, телефонот не се покажа баш најиздржлив. Во сите три теста имаше оштета, од напукнување на камерата до гребнатинки, но најмногу беше оштетен кога беше испуштен на еден од своите агли. Ако случајно ви испадне телефонот, тогаш единствено што може да направите е да се молите да не падне на страна.
Догледајте го видеото до крај, бидејќи по тестовите ќе видите и како Samsung Galaxy S3 се справува со динамит.
[youtube]m-TIPstdVaE[/youtube]







