Дали поевтини часовници ќе помогнат за популаризација на сегментот?

Паметните часовници се присутни веќе неколку години, но не успеваат да го пронајдат своето место. Паметни часовници произведуваат куп компании, не само производителите на телефони, туку и производителите на стандардни часовници.

Сепак дури ни влезот на Samsung, LG, Huawei и Apple не успеа да ги направи паметните часовници повеќе од додаток. Mobvoi е стартап кој ќе се обиде со пониска цена и помала функционалност да го освои пазарот. Цената на Ticwatch E е 100 US долари.

Компанијата ќе се обиде да помине по истиот пат како и Pebble; со Kickstarter кампања. Токму во оваа претпродажба часовникот ќе чини 100 долари, потоа цената ќе биде 160 или 200 долари, во зависност од моделот. Часовниците доаѓаат со Android Wear 2.0 и може да се користат со iOS или Android телефон.

Ticwatch доаѓа со 1.4-инчен дисплеј со резолуција 400х400. Со оглед на тоа дека најголем дел од корисниците ги користат часовниците како фитнес додатоци надвор, Mobvoi не штеди на овие сензори. Часовникот доаѓа со мерач на пулс и GPS сензор. Ова овозможува користење на можносите на апликациите за навигација, пример Google Maps. Батеријата на часовникот трае помеѓу ден и пол и два дена што е и повеќе од солидно.

Производителот најавува дека веќе работи на неколку сопствени апликации Tic Fitness, Health и Music Player. Апликациајта за музика ќе им овозможи на корисниците дури и да  префрлат песни на часовникот.

Во моментов двата модели се на Kickstarter. Стартапот за проектот успеа да собере повеќе од 500.000 долари, иако побараа 100.000. Часовниците ќе започнат со испорака кон крајот на годината.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk