Дали Facebook навистина има 845 милиони активни корисници?

Дефиницијата на Facebook за активен корисник е доста интригантна, посебно ако се земе во предвид дека таа дефиниција во однос на друштвените мрежи, сè уште не е апсолутно воспоставена. Нормално дека во оваа сива зона на дефинициите и брзо променувачката технологија, Facebook ќе дефинираат за активен корисник баш тоа што највеќе ним им одговара.

Во случајов се работи за огромна бројка на активни корисници – 845 милиони луѓе на планетава да користат ист сервис и да се активни секој месец е огромен успех за една компанија. Но, Facebook тврди дека секоја активност на корисникот, дури ако е надвор од интернет страната на Facebook се важи како активност во склоп на друштвената мрежа. Значи вие да притиснете Like еднаш месечно на која било статија на IT.com.mk, тоа се важи како месечна активност и станува дел од тие 845 милиони активни месечни корисници.

Ова е доста важно затоа што ако вака се дообјасни што значи активен корисник, почнува да станува јасно дека не се работи за директно месечно изложување на Facebook и рекламните содржини, туку само општа активност која несомнено допринесува кон разновидноста на кориснички информации во подолг рок.

Во своето истражување Ендру Рос Соркин од New York Times успеа да најде разлика од само 40 милиони корисници, што и не е преголема бројка за волкава друштвената мрежа, иако се работи за 20 пати поголем број на корисници од населението во Македонија. Тој исто така додава дека некои апликации, пример мобилните, можат автоматски да го контактираат Facebook за корисничката активност што придонесува кон бројот на активни корисници, иако тоае по влијание на апликацијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
АлександарМакедонски
АлександарМакедонски
14 years ago

Ако се земе во предвид дека во Македонија пола од корисниците имаат по 2 или 3 профила на ФБ, компаниите и организациите имаат профили (со што ги кршат правилата на ФБ) наместо да имаат ФБ страни, истото ако е и низ светот ќе добиеме бројка од околу 500 милиони корисници (иако и ова не е мала бројка!).

Damjan Cvetkov-Dimitrov

Ако го задржам ќе имам три :]