0 коментари 2 мин. читање 24 август, 2015

Дали близнаци можат да го прелажат Windows Hello?

Windows Hello, новaта алатка за отклучување на Windows 10 компјутерите со препознавање на лице е изненадувачки добра алатка. Дури и кога системот за препознавање на лице беше соочен со вистински предизвик, Windows Hello се покажа како победник препознавајќи 6 од 6 идентични близнаци. Експериментот доаѓа од Австралија каде 1 од 40 Австралијанци има близнак, што секако преставува проблем за технологијата за препознавање на лице. Но, тоа што е пријатно изненадување е што Windows Hello не го погреши близнакот. Ниту еднаш не го отклучи компјутерот доколку грешниот брат/сестра се обидуваше да пристапи до профилот, вели The Australian.

Windows Hello е овозможен благодарение на Intel RealSense камерата, која доаѓа со три камери: инфра црвена, обична и 3Д-камера кои заедно онвозможуваат било каква злоупотреба. Благодарение на ова системот погрешно се отклучува во 1 од 100.000 случаи, велат компаниите. Ова технологија може да биде многу важна во иднина бидејќи препознавањето на ликот или отчитувањето на отпечатоци, во иднина би можеле да ги заменат лозинките, откако лозинките се покажаа како исклучително небезбедни, а секоја година се продаваат милијарди лозинки на скриениот интернет.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top