Дали Amazon развива роботи?

во Хардвер

Најголемата онлајн продавница Amazon, срамежливо најавува дека работи на роботи. Веста не доаѓа од официјални претставници на компанијата, туку се забележува од кадрите кои компанијата започнува да ги вработува.

Ова секако не е првиот хардвер кој ќе го изработува Amazon, а некако и претставува логичен развој на производите. Што точно ќе прават роботите на Amazon, ако воопшто нешто прават, ќе мора да почекаме и да видиме.

Сепак огромен дел од уредите кои ги претстави компанијата се користат или како платформа за продавање на производи од Amazon или за реклами. Досега најголем успех на Amazon е таблет компјутерот Kindle. Секако, тука е и Amazon Echo паметен звучник за управување со домот со кој Amazon можеби ќе го освои домот.

Она што е прашање е дали корисниците би требало да му дозволат на Amazon да им разгледува по домот. Компанијата би можела да го користи роботот да ја скенира околината и потоа да рекламира различни производи.

Она што е сигурно е дека роботот засега не е официјална вест. Amazon на прашањето на медиумите, одговара дека нема да коментира шпекулации.

Сепак првите роботи ќе бидат достапни најрано во 2019 година, велат извори на LA Times.

Изгледа дека Amazon има две насоки во кои би можел да го развива роботот. Едната е да биде здодевна верзија на мобилна Alexa која би можела да се користи како дел од роботите кои се веќе достапни. Секако тука е и можноста Amazon да претстави некој значително покорисен робот, кој освен што ќе ја „носи“ Alexa ќе може да „заврши“ некоја работа; пример „да исчисти дома“. Постои и можноста за користење на роботите во магацините и за достава што може да биде интересно решение за Amazon.

Проектот е стар неколку години, но барем засега не беше премногу активен. Можеби името на проектот „Project Vesta“ (по римскатa божица на домот и семејството) навестува за поголема интеграција на Alexa и Echo. Но, за официјална потврда ќе треба да почекаме на официјален податок од Amazon.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments