Американската организација Consumer Reports повторно го препорачува MacBook Pro, откако пред две недели излезе со соопштение дека за прв пат нема да дадат своја препорака за новиот лаптоп на Apple. Промената во препораката доаѓа откако Apple го надгради софтверот. По надградбата батеријата се однесува според предвидените спецификации.
Apple ја изгуби препораката за компјутерот откако тестовите на Consumer Reports покажаа дека батеријата на компјутерот не работи како што тврди Apple во своите реклами. Претходните тестови покажуваа дека батеријата траеше помеѓу 3 часа и 45 минути и 19 часа и 40 минути. По надградбата на софтверот, батеријата на ниту еден од трите модели на MacBook Pro не трае помалку од 15 часа и 45 минути.
„По новите тестови на батеријата, оценката за лаптопот порасна, па сите три лаптопи сега имаат позитивна оценка од Consumer Reports.“
Причина за проблемот со батеријата е софтверска грешка на Safari. Грешката се јавува во тестовите на Consumer Reports, но Apple тврди дека ова не се чувствувало во нормалната работа. Проблемот е забележлив единствено во девелопер мод на работа.
Софтверот е достапен преку Apple Beta Software програмата.