Тајванскиот производител Quanta претстави нов микро компјутер кој ќе доаѓа со Windows 10. Compute Plug е со големина и изглед на адаптер, а како и адаптерите и уредот се приклучува директно во штекер. Уредот доаѓа со 2 USB портови и HDMI излез и една од можните намени му е секој телевизор да го претвори во паметен компјутер. Понатаму со помош на Cortana ќе биде овозможено и контрола преку далечински управувач или Bluetooth слушалки.
Microsoft претстави уште еден микро компјутер, Kangaroo преносен компјутер кој наликува на преносен хард диск, но најголем дел од „пакувањето“ отпаѓа на батеријата која овозможува шест часовна работа помеѓу полнењата. Дополнително овој уред доаѓа читач на отпечатоци со кој се отклучува компјутерот. Идејата зад овие компјутери не се перформансите – тие не се клучни. Вo прашање се можностите, да се имаат специјализирани уреди насекаде во домот, вели Питер Брајер за BBC.
Неодамна Microsoft најави дека Windows 10 ќе доаѓа со поддршка за повеќе уреди, принтери паметни телевизори и слични, новите микро компјутери треба да бидат само доказ дека оперативниот систем ќе функционира на уреди со најразлична форма и големина.









