Code Year е многу едноставна eдукативна иницијатива. Се пријавувате и стартапот Codecademy ќе ви праќа по една програмерска лекција преку имејл секоја недела. Очигледно дека ова е добра замисла бидејќи над 100.000 амбициозни корисници кои сакаат да научат да програмираат се приклучиле на Code Year за само 48 часа од стартувањето на иницијативата. Сајтот сега има регистрирано околу 130.000 корисници.
Според основачот на Codecademy, Зак Симс, големиот број на пријавени корисници се должи на споделувањето на иницијативата на Facebook и Twitter. Тој за TechCrunch вели дека Twitter генерирал 33,59 од посетите на сајтот, а Facebook 16,18 отсто. Oд Google+ дошле само 2,37 отсто од корисниците.
За популарноста на сервисот најверојатно се должи и на добро дизајнираниот сајт. Code Year е креиран од фриленс дизајнерот Саша Гриф кој објави пост за како го направил сајтот за само еден час. Во тој пост тој објаснува за изборот на фонтот, иконите, цитатите и другите детали. Постот, кој е исто така едукативен, може да им се допадне на веб дизајнерите.
Codeacademy е бесплатeн интерактивен сајт кој ве учи да кодирате користејќи лесни предавања преку едноставен интерфејс. Апликацијата е исто така друштвена што значи можете да споделите знаење со своите пријатели.







