CLAWPUNK е дводимензионална акциона игра со брзо темпо, која комбинира елементи од аркадните beat ’em up со roguelite механики. Сместена во дистопискиот, сајберпанк свет на Ферал Сити, играта ве става во улога на откачени херои во нивната борба да го повратат градот од канџите на криминалните банди. Како резултат, добивате хаотична авантура која е максимално фокусирана на адреналинска акција и блиска борба.

Приказната во CLAWPUNK воспоставува мрачен, неонски свет инспириран од ретро-естетиката на 80-тите и 90-тите години. Ферал Сити е претставен преку пет различни зони, секоја со свои уникатни предизвици и типови на непријатели и, искрено, не знаеме која од која се поубави. Зоните представуваат вистинско задоволство за истражување, а, до нив доаѓате преку хабот кој се користи како појдовна точка за полу-нелинеарен пристап. Која и зона да одберете, ве очекуваат часови впечатливо истражување и вицерални, крајно задоволителни битки.

Во поглед на битките, CLAWPUNK поттикнува исклучително агресивен, push-forward стил на игра, каде што постојаното движење и напаѓање играат клучна важност. За да се даде поголем, но задоволителен притисок, влечете дополнителни награди доколку го одржувате комбо-бројачот, кој, пак, ги полни специјалните способности. За дополнителен визуелен хаос, а и дополнително освојување поени, но и охрабрување креативно елиминирање непријатели, студиото се има потрудено да понуди целосно уништива околината. Иако фокусот е на блиската борба, достапен е и арсенал на оружја за далечина. Огнените оружја пружаат поеднакво добра сатисфакција и дозволуваат таман користење за да не се премногу опуштите и за да се целосно разбие динамиката.

Разновидноста е обезбедена и преку девет уникатни мачки. Секоја од нив е со сопствени основни статистики, примарно оружје и моќни специјални напади. Дополнителен слој на длабочина додава системот на карти за собирање. Картите, кои, патем, трајно се зачувуваат, овозможуваат мутации и подобрувања на способностите на мачките, додавајќи roguelite елемент на трајно напредување. Визуелно гледано, на располагање имате ретро графика со груб, но исполнителнен пикселизиран сајберпанк изглед. Ова е надополнето со соодветен саундтрак кој доминира со синт-звук, со примеси на метал и индустриски удири.

Доколку ѝ пружите шанса, CLAWPUNK ќе ви ги отвори вратите кон интензивно акционо искуство која успешно спојува класични аркадни елементи со модерни roguelite механики. Кога имате целосен фокус на агресивна борба, уништлива околина и карактеристичен ретро-сајберпанк стил, тогаш знаете дека ве очекува прекрасно искуство, поставувајќи се како привлечен избор за љубителите на брза акција и неонскиот хаос.








