До сега, тимот зад Civilization VI ги удостојуваше фановите со помали DLC содржини, но првата голема експанзија се заканува да го преземе вашето слободно време побрзо отколку што би можеле да се надевате.
Civilization VI: Rise and Fall ќе излезе на 8.февруари и ќе донесе осум цивилизации и девет нови лидери, како и бројни и целосно нови системи во гејмплејот. Стратешките гурмани можат да ги усовршуваат нивните вештини со осум нови светски чуда, како и нови единици, области и згради. Системите за влада и дипломатија се дополнително проширени и ви дозволуваат да создавате нови видови партнерства со другите цивилизации. Со Great Ages and Governors, пак. можете да ги позајмувате талентите на одредени ликови за да подетално ви се уредува градот.
Скоро сите веќе-постоечки системи се до разработени и се одликуваат со уникатни елементи.
Напредувањето во играта ќе биде низ таканаречени глобални ери, кои започнуваат кога одредена цивилизација ќе ги исполни почетните услови. Пред почеток на новата ера, се прави евалуација на секоја цивилизација и нивно впуштање во златно или мрачно доба, или пак ниедно. Цивилизациите кои ќе излезат од Мрачното Доба со доволно соодветни поени, автоматски ќе бидат втурнати во Херојското Доба – нешто што од авторите се објаснува како златно доба на стероиди. На почетокот на секое ново доба, секоја вашата цивилизација ќе може да направи посвета, односно нешто за што ќе се залагате за време на активнота доба. Вложете доволно време и енергија во реализација на посветата и ќе добиете дополнителни поени за потенцијално избегнување на Мрачното Доба или пак навлегување во Херојското.
Со Rise and Fall, сите градови ќе бидат оценувани во поглед на нивната лојалност. Лојалноста зависи од бројни фактори, како на какви луксузи го изложувате народот и какви одлуки донесувате за нивната и соседската добросостојба. Запоставите ги потребите на граѓаните и во моментот кога лојалноста ќе падне на нула, градот ќе се отцепи од вашата цивилизација и ќе стане независен, слободен град. Ваквите слободни градови се одликуваат со нивна војска и одбранбени тактики, но нити ќе се впуштаат во територијално ширење нити пак во дипломатија со надворешните цивилизации. Слободните градови се присвојуваат кон останатите цивилизации или преку војна кампања или пак со вршење политички притисок преку соседските градови. Кога сме кај ова, градовите кои се поблиску до сржта на вашата империја се поиздржливи и нема со ист интензитет да им се загрозува лојалноста како кај подалечните градови, кои се на границата на вашата територија.
Гувернери се нови ликови кои се поставуваат некаде помеѓу Great People и Leaders. Нивната главна задача е да ја засилуваат лојалноста во доделените градови, но се одликуваат и со исклучително моќни бонуси во одредена област, како војна, економија, религија. Има седум видови гувернери, а вашата цивилизација може да има по еден од секој вид. Дополнително, гувернерите ќе можете да ги надградувате и да отклучите моќни способности, како купување цела област со злато или создавање војни единици без одредени ретки ресурси.
Системот Emergencies ќе им дозволува на неколку велесили заеднички да преземат одредени акции. Се мисли на трајни последици при донесување одредена одлука, како кога по прв пат ќе се искористи нуклеарно оружје и на сите цивилизации ќе им се сврти вниманието кон физика и одредени мерки за понатамошно разрешување на ситуацијата. Авторите објаснуваат дека системот можеби изгледа како да е замислен да спречи некого кој е пред сите останати и, иако тоа би можело да е случајот, сепак не е имплементиран за вештачко продолжување на времето на играње.
Во екот на најавата, Civilization VI во моментов се продава на Steam со 50% попуст, а експанзијата Rise and Fall спремно чека предвремени нарачки, по цена од 30 евра.
[…] Fall пишувавме во неколку наврати, првин за најголемите промени, а потоа и за лидерите кои ќе се појават со […]
[…] што можеби знаете, најновото големо проширување за феноменалната Civilization 6 нѝ доаѓа на 8.февруари. […]