Jasper Technologies, наскоро ќе биде дел од Cisco Systems, во партнерство коe најверојатно ќе го чини Cisco околу 1,4 милијарди долари. Аквизицијата треба да му помогне на гигантот со поврзувањето на уреди кои доаѓаат под заедничкото име „интернет на нештата“.
Доколку се оствари аквизицијата ќе му овозможи на Cisco да комплетна платформа за интернет на нештата, и речиси извесно гигант на овој пазар. Една од причините за инвестицијата е потенцијалот на пазарот во годините кои доаѓаат – автономни возила, беспилотни летала се само мал дел од можностите во следните десетина години.
Jasper Technology ќе ја обезбеди платформата која ќе овозможи складирање на податоците од овие уреди. Она што е заедничко за сите уреди кои доаѓаат под интернет на нештата, се купиштата податоци кои ги испраќаат, а облакот на Jasper е одлично место за нивно складирање. „Cisco гледа на Jasper како на единствена платформа за интернет на нештата која ќе го освои пазарот со ова стратегиско здружување со Cisco. Jasper e најголемата платформа за интернет на нештата со над 3.500 компании и 27 сервиси во 100 држави“, вели Роб Салвањо од Cisco.