CIA со години се обидувала да ја пробие безбедноста на Apple

Aмериканската CIA со години се обидува да го пробие Apple, објави Intercept, повикувајќи се на доверливите документи кои ги достави поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден. Според овие документи, CIA на тајни средби кои се одржуваат секоја година ја разгледувала можноста за пробивање на заштитата на iPad и iPhone. Името на оваа операција е „Jamboree“, а покрај Apple, цел за пробивање се и други ИТ компании.

Агенцијата со години разгледувала физички и неинвазивни методи за да добие пристап до серверите на Apple. Идејата е преку истражувања спонзорирани од САД да се открие начин за декриптирање на фирмверот на Apple, а со тоа и да се овозможи вметнување на малициозен код на уредите.

Документите покажуваат и дека aгенцијата работeла и на креирање на клон верзија на Xcode со која се овозможува кражба на податоци, лозинки и пораки од инфицираните уреди. Дополнително се објавува и дека истражувачите успешно го пробиле OS X update-от со што можеле преку keylogger да стигнат до доверливи податоци.

За сега CIA одбива да ги коментира овие обвинувања, а ниту споделените документи не покажуваат дека овие операции вродиле со плод кога е во прашање криптирањето на Apple. „Ако американските продукти се OK за таргетирање тое е новост за мене“, вели Метју Грин, експерт за криптографија од Џон Хопкинс Институтот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk