0 коментари 2 мин. читање 1 септември, 2016

Читајте долги текстови брзо и едноставно со ExplainToMe

Во ситуации кога немате време да читате огромни статии на интернет сајтови и сакате да го извлечете само најважното од нив, побарајте помош од сајтот ExplainToMe. Сè што треба да направите е да го копирате линкот на сајтот на кој се наоѓа долгиот текст, да го префрлите URL линкот на ExplainToMe и да прецизирате во колку реченици да ви биде сервирана суштината од текстот.

На кој начин работи сево ова? Основачите на сајтот објаснуваат дека се работи за алатка која користи TextRank – модел за процесирање текст и сумирање текстови.

„TextRank се потпира на семантичките односи помеѓу зборовите и фразите за да ја истакне важноста на одредена реченица во документ.“, објаснуваат на сајтот и додаваат дека „Методологијата е слична на начинот на кој пребарувачките енџини прикажуваат релевантни веб страни според барањето на корисникот“.

Од нашите кратки тестирања можевме да заклучиме дека ExplainToMe е солидно решение доколку немате време да се давите низ линии од текст само за да заклучите дека одредена статија не е за вас.

Пример како ExplainToMe ја сумира нашата рецензија на No Man’s Sky.

Image 746

Постоеа ситуации кога извлечената суштина е од сомнителен квалитет, особено за некои подолги статии, но ние сакаме да мислиме дека ExplainToMe не сака да биде премногу добар и да ве разгали. :)

Линк до сајтот.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top