Четири сајтови за целосна информираност за временската прогноза

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Времето, велат, е непредвидливо како и самите луѓе. На сајт за втората проблематика сеуште немаме наидено, но тоа не е случајот доколку ве интересира какво ќе биде времето.

На располагање имате бројни сајтови за временска прогнозa. Weather Underground се чини како еден од подеталните и попрецизните сајтови каде можете да се информирате за тоа какво ќе биде времето во наредниот час, ден, или во наредните десет дена. Ви се прикажуваат податоци за температура, брзината на ветерот, споредби со времето од вчера, но и најразлични мапи и информативни вредности за квалитетот на воздухот и ред други работи. Не заборавајте веднаш да ја смените температурата. Подесувањето на степените се наоѓа во горниот, десен агол (преку запчаникот).

Severe Weather повеќе се чини како ефикасна алатка за хранење на вашиот страв од глобално затоплување, поплави, и пожари од масовен степен. Сајтот нуди детални извештаи и анализи за најновите случки од овој калибар, како и покани за следење на одреден настан во реално време. Сајтот се надополнува неколку пати на ден, а податоците кои ги нуди се во форма на релативно вознемирувачки табели, слики од сателити, и мапи. Severe Weather е одлично средство за споделување фотографии и видеа од бројните следбеници, а често се приредуваат и натпревари во поглед на најинтересни фотографии.

Windy е веб сајт кој првенствено се фокусира на ветрот. Преку живописна, анимирана мапа, можете да се информирате за временските услови низ целиот свет, како и да дознаете какво ќе биде времето во наредните 10 дена. Ова е еден од најдобрите сајтови кои сме имале задоволство да посетиме. Феноменална презентација и дизајн кој плени со неговата едноставност. На располагање имате слоеви не само за ветрови, туку и за дождови, громови, температури, облаци, бранови, квалитет на воздух и многу повеќе. Можете лесно да создававате и споделувате GIF-ови и видеа од податоците кои се прикажуваат преку Windy.

За крај, дефинитивно не би сакале да го заобиколите и Dark Sky. Ова е веб сајт кој нуди тони и тони од прецизни податоци поврзани со временската прогноза. Доколку сакате, можете површно да се информирате за времето. Но, поиграјте се преку одличните дводимензионални и тримендизионални мапи и ќе наидете на можности за интерактивно избирање време и ден, визуелни прикази на прогнози, како и UV индекси, брзини на ветрови, зачестеност од облаци, и многу повеќе. Најсилната страна на сајтот е таканаречената временска машина преку која можете да добиете увид за временските услови во сегашноста и минатото. Dark Sky нуди одлични апликации и за корисниците на Android и iOS направи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
fau
fau
4 years ago

Најдобар.
http://www.estofex.org/

види ги сите огласи на kariera.it.mk