0 коментари 1 мин. читање

Часовникот на Nvidia одбројува до GTX 1080 Ti

Nvidia со часовник на GeForce.com го најави својот настан на GDC. Oфицијално нема потврда за што е часовникот, но преглед на кодот наговестува дека Nvidia ќе ја претстави GeForce GTX 1080Ti, вели VideoCardz.

Дека станува збор за „Ti“ серија на графичките картички доволно наговестува и мотото: „It’s almost time“. Настанот е закажан за 28 февруари што соодветствува со GDC.

 

Image: PC World

AMD најави сопствен настан на кој ќе го претстави Ryzen и Vega графичките картички. Двете компании ќе најават моќен хардвер на конференцијата, а по подолго време во фокусот на GDC имаме и хардвер.

Вообичаено Ti серијата на графички картички е нешто послаба од Titan, иако имало и исклучоци. Пример 780 Ti, беше помоќна од тогaшниот Titan, потсетува PC World. Дали ова ќе се повтори сега, тешко е да се прогнозира. Сепак, со оглед на обновеното ривалството помеѓу двете компании, оваа недела ќе биде супер интересна за љубителите на хардвер.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top