CareerLaunch 2.0 – саем за кариера во ИТ и стартап компании

IT.mk е медиумски спонзор на CareerLaunch, текстот е ПР текст на Career Launch.


CareerLaunch е место каде што ќе најдеш одговор на прашањето „Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?”

Summer Work & Travel Алумни Македонија и Младински Инфо Клуб — Скопје по втор пат го организираат CareerLaunch, кој е саем за започнување на кариера во иновативни tech и стартап компании.

Преку саемот за кариера сакаме да им овозможиме на индивидуалците да ја пронајдат својата работа од соништата, а на стартап и tech компаниите да го унапредат својот тим со таленти кои ќе придонесат во реализацијата на идеите, иновативните проекти и нивниот целосен развој!

Без разлика дали си студент, вработен или фриленсер, CareerLaunch 2.0 е можност за сите кои бараат прилика за започнување на кариера во тимови и компании каде што постои интензивна средина за учење, и се негува креативноста и иновативноста.

Место и датум

Настанот ќе се одржи во Петок (5-ти Мај) и Сабота (6-ти Мај) од 14:00 – 19:00 во Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” – Скопје.

Програма

  • Саем за кариера во иновативни ИТ и стартап компании

Дознај за можностите за кариера во заедницата на локални иноватори. Од компанија која е револуционер во образованието до компанија што работи со нови технологии.

  • CareerLaunch Talks

Одбрани говорници ќе ги споделат своите практични совети за кариера. Говори кои вклучуваат приказни за tech и креативните можности во Македонија, како до работа во стартап, како да се искористи талентот во фриленсерската професија и др.

  • CareerLaunch Sharing of Knowledge

CareerLaunch е просторот каде самите компании го споделуваат свеоето знаење во нивната експертиза. Посетете ја училницата на CareerLaunch и научете од работилниците организирани од самите компании.

Настанот е бесплатен за посетители. Пријавувањето е задолжително.

Пратете ги сите новости и пријавете се на линкот на Facebook настанот на CareerLaunch.

Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на CareerLaunch.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk