0 коментари 2 мин. читање 11 март, 2014

Carbon е нешто покорисно од часовник; тој е рачен полнач на паметни телефони

Carbon е интересен проект кој наместо да се обидува да биде паметен часовник, што е следното големо нешто, проектот претендира да биде рачен полнач за паметен телефон. За разлика од останатите уреди кои се појавуваат во последно време и се часовници, Carbon e составен од соларна ќелија што ја полни батеријата и аналоген часовник.

Carbon, за кој во моментов се собираат пари на Kickstarter, ќе овозможи три дополнителни часа работа на телефоните откако ќе биде испразнета батеријата. „Часовникот“ се поврзува со телефонот преку micro USB портoви. Покрај ова уредот доаѓа со едноставен часовник што го оправдува носењето на зглобот наместо користење на претходно наполнет уред во џебот. Часовникот се наѓа на тенка фолија над соларната ќелија и поради својата ефикасност нема да претставува проблем при полнењето или празнењето на батеријата. Покрај тоа што е корисен уред цената од 130 долари сепак се чини превисока, за 95 долари е достапна верзија на Carbon без часовник, која ќе може да се користи како додаток на паметен телефон.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top