0 коментари 2 мин. читање 9 ноември, 2012

Call of Duty натпревари ќе се стримаат во живо на YouTube

Во соработка со Youtube, Activision за прв пат, ќе овозможи стримање во живо на партиите т.е. на натпреварувањата на играчите на новото продолжение на Call of Duty серијалот, Black Ops II, кое ќе излезе на 13 ноември во САД. Стримот ќе биде од Xbox и PlayStation, а за жал барем засега нема најава дека ќе има стримање и од игрите кои ќе се играат од PC.

Играта во првите неколу одиграни меча ќе ги „тестира“ играчите како би можела да ги стави во „лига“ во која нивните  противници ќе бидат слично добри. Откако ќе бидат првично рангирани играчите ќе можат да се качуваат до првото место на табелата.

Новитети за ова продолжение ќе бидат: игрите помеѓу повеќе тимови, начинот на собирање поени кои ги добиваат играчите па сега се добиваат за заземање територии или „елиминирање“  противници. Промените се направени со цел играта да биде насочена кон исполнувае на целите зададени од играта наместо,  досегашното „Run and Gun“ искуство, кое често предизвикува најголем дел од играчите уште веднаш да ја прогласат CoD за „детска“

Видеата од шутерите имаат солидна посета на Youtube и без компонентата „во живо“, а директното пренесување на натпревари ќе овозможи поголема популаризација на е-спортот. Претплатниците на Elite  ќе можат да го гледаат и оружјето на своите непријатели. статистиката од претходните натпревари  и статистиката на играчот.

[youtube]x3tedlWs1XY[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top