Calibre 3 нуди одлични можности за читање и управување со е-книги

Calibre е одамна докажано парче софтвер за љубителите на пишаниот збор, но во дигитална форма. Благодарение на оваа алатка лесно можете да се справите со бројните формати на електронски книги, уредно да ги поставите од една појдовна точка и да ги читате во пријатна околина преку вградениот читач. Најдоброто од сево ова е и тоа што лесно можете да ги конвертирате книгите од еден формат во друг, како од EPUB форматот во MOBI, и обратно. Вградениот едитор за електронски книги ви дозволува да ги направите сите сакани потреби врз книгите и да ги оспособите за читање преку најразлични хардверски читачи.

Најновата, трета верзија на софтверот воведува поддршка на екрани со висока резолуција. Дополнително, серверот за содржини на Calibre е целосно надграден и ви дозволува многу подобар пристап до книгите преку мрежа. Оние кои пак се по впивање на пишаниот збор директно преку канцелариската алатка на Microsoft, отсега ќе можат лесно да конвертираат книги во DOCX форматот и како такви да ги читаат преку Microsoft Word.

Преку официјалниот сајт за преземање на Calibre, ќе можете и да преземете над 4000 книги, уредно поставени низ 16 жанровски категории. Ова се DRM-free книги и се бесплатни за дистрибуција и масовна консумација на онолку направи колку што сакате, без да ви е страв дека кршите некој закон.

Како други, корисни алтернативи на Calibre би можеле да се истакнат и Alfa Ebooks Manager за PC и Delicious Library за Mac.

Пријатно читање! :)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments