1 коментар 1 мин. читање 6 септември, 2018

British Airways жртва на онлајн кражба на податоци

Еден од најголемите светски авиопревозници British Airways е жртва на онлајн напад. Компанијата објави дека истражува кражба на кориснички податоци на корисниците од веб-страницата и од мобилната апликација, пренесе BBC.

Доведена е во прашање безбедноста на податоците од околу 380 000 трансакции.

Напаѓачот имал пристап до податоците од 21 август до 5 септември. Сега безбедносниот пропуст е надминат, но податоците за трансакциите во овој период се проблем. Превозникот им јавува на сите клиенти да се консултираат со банките за евентуалните последици. Компанијата ги извести засегнатите клиенти, но секако добар совет е сите кои се во некаква опасност да си ја проверат сметката со банката.

British Airways ја извести полицијата за нападот и сите агенции.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top