0 коментари 2 мин. читање 22 март, 2018

Британски хирург стравува дека неговиот компјутер е причина за лоцирањето на болница која е бомардирана во Сирија

Британскиот хирург Давид Нот беше консултант на операција во сирискиот град Алепо. Тој преку Skype и WhatsApp им асистираше на хирурзите во салата.

За жал, по неколку недели истата болница беше цел на руски бомбардери. Г. Нот стравува дека неговиот компјутер бил хакиран и така била откриена локацијата на болницата.

Поради ова, Меѓународниот комитет на црвениот крст одржа средба да зборува за опасноста од хакерски напади.

„Она што најмногу ме погодува е што не може да им помогнете на докторите во воените зони. Ако некој гледа и ја крене во воздух болницата, тоа е воено злосторство“, вели г. Нот за Telegraph.

Сепак се чини дека напаѓачот имал и поедноставен начин да стигне до болницата. Во текот на репортажата, за кратко време може да се забележи телефонот на лекарот од Сирија. Се чини дека е поверојатно дека токму овој телефон бил цел на напад. Најпрво напаѓачот дошол до телефонот, па потоаа ги следел координатите.

Поради овој настан доктор Нот нема повеќе преку интернет да им помага на лекариите во воените зони, јави BBC.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top