0 коментари 2 мин. читање 17 декември, 2013

Британската библиотека префрли милиони илустрации на Flickr

Илустрации собирани 300 години во архивите на Британската библиотека сега може да се разгледаат на Flicker. Илустрациите се од книги кои се излезени во 1600, 1700 и 1800 години, кои ги дигитализираа во Microsoft и потоа и ги подарија повторно на библиотеката.

„Баравме нов иновативен начин за навигација, пронаоѓање и прикажување на овие досега не-прикажани илустрации. Имаме мапи, феолошки дијаграми, прекрасни илустрации, комична сатира, декоративни букви, пејсажи, илустрации во боја, цртежи на ѕидови и уште многу за кои дури не сме ниту свесни“, вели Бен О’Стин за Wired.

Наскоро за почетокот на 2014 година е најавена и апликација со чија помош, корисниците ќе помогнат да се опишат илустрациите. Понатаму овие податоци ќе се користат во софтверот за скенирање за класификација на останатите податоци. Библиотекара се надева дека од корисниците ќе добие нови идеи и проекти во кои би се користеле материјалите, а отворена е соработката за сите кои сакаат да истражуваат.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top