Во Калифорнија започнува да се користи нов алгоритам за бришење на криминалното минато на дел од осудениците. Порано целиот процес траел со месеци, а сега е скусен на неколку минути, пишува BBC.
По носењето на полиберален закон за канабис во Калифорнија, милиони луѓе може да побараат да бидат избришани од листата на престапници или да побараат намалување на казната. Сепак само 3% од луѓето кои се квалификувани за бришење на досието побарале истото да биде направено. Проценката е дека голем дел од нив се одвратени поради долготрајниот бирократски процес, но голем дел и не знаат за бришењето.
Само во Сан Франциско право на бришење имаат над 10 000 жители. Од оваа бројка само 23 го оствариле ова свое право.
Криминалното минато е пречка при вработување, купување на стан и за сите работи за кои е потребно „чисто“ минато.
Непрофитната организација „Code For America“ на барање на јавниот правобранител Џорџ Гастон изработи алатка која автоматски ги отстранува сите престапници со минато на насилен криминал. Алатката „Clear my Record“ ги анализира судските документи и препознава карактери низ скенираните судски документи. Сите документи кои не се квалификуваат автоматски се отстранети. Алатката за неколку минути исфилтрира 8132 досиеја кои се квалификуваат за корекции.
„Потребно е минимално познавање на технологија. На пример не е тешко, да пуштите алгоритам на голема база на податоци. И треба да го направиме ова“, вели Џенифер Палка од Code For America.
Потоа со еден единствен потпис судијата Самуел Фенг ги отстрани сите прекршоци од досието.
Секако технологијата не е совршена, но има додадено механизам на несигурност. Па, ако во некој случај постои сомнеж го испраќа досието на преглед кај луѓе.
Clear my Record засега се користеше единствено во Сан Франциско, но сега и обвинителите во Лос Анџелес најавија дека наскоро ќе започнат да ја користат оваа алатка.
[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]