Breakout Beyond: наследник на легендарната Breakout од 1976-та година

Зошто да ја играте?

  • Модернизиран класичен гејмплеј со иновативни механики
  • Процедурално генерирани аудио-визуелни ефекти и динамични предизвици го подигнува искуството
  • Адреналински ко-оп сесии

Breakout, револуционерното дело на визионерите Нолан Бушнел и Стив Бристоу, со значаен придонес од самите Стив Вознијак и Стив Џобс, ја освои светската гејмерска сцена во 1976 година. Оваа игра, инспирирана од пионерските наслови Clean Sweep и Pong, претставуваше адреналинска симфонија на рефлекси, каде играчите се впуштаа во бескрајна битка со цигли така што отскокнуваат топка од другиот крај на циглите. Таа година, огромна популарност ја катапултираше Breakout меѓу петте најиграни аркадни игри во САД и Јапонија.

Сега, речиси половина век подоцна, се појавува нејзин достоен наследник – модерна интерпретација која ја задржува класичната забава, но истовремено воведува иновативни механики и елементи, со што го подигнува целокупното искуство на сосема ново ниво. Breakout Beyond, монументално дело на визионерското студио Choice Provisions, познато по нивната култна и предизвикувачка серија Bit.Trip, претставува скок во неизмерни димензии на гејмерската иновација. Со оваа игра, тимот ги поместува границите на креативноста, нудејќи 72 нивоа на чиста гејмерска екстаза. Секое ниво се одликува со динамични предизвици, интуитивни механики и симфонија на процедурално генерирани аудио-визуелни ефекти.

Предизвикувачна едноставност

Breakout Beyond воопшто не е лесна игра. Топката која ја отфрлувате се води од различни параметри и закони, допринесувајќи до, на моменти, забрзани, искривени или тешко предвидливи правци на движење. За време на нејзиното кратко патување од една до друга точка, потребно е да ја предвидите патеката на движење и да ја поставите линијата во соодветна позиција. Покрај тоа што се бараат исклучително добри рефлекси, мора да внимавате и на времето, како и на различната природа на циглите кои ги удирате.

Некои цигли бараат повеќе удири, а некои одново се појавуваат и се закануваат целосно да ве изолираат од целта (која секогаш е да успеете да ја пробиете топката преку ѕиглите и да стигнете до другата страна). Тука-и-таму, ќе наидете и на цигли со специјални моќи кои ќе допринесат до ефикасно и спектакуларно чистење на повеќе цигли од еднаш, како експлозија или ласерски топ. Некои од овие специјални цигли се со дефанзивни моќи и ви помагаат полесно да се справите со топката кога се враќа накај вас.

Играта знае да биде толку тешка, да мораме двапати да го кажеме ова. За таа цел, исклучително помага можноста да го успорите времето за да можете полесно да ја центрирате линијата, на сметка на финалниот резултат. Дополнително, ако имате пријател, можете да навлезете во адреналински ко-оп сесии каде вие управувате со една линија, а пријателот – со друга. Иако овие две механики знаат многу да помогнат, особено на почетокот додека ги учите механиките и стазите, работите лесно знаат да излезат од контрола во подоцнежните нивоа.

Значајно и носталгично патување

Breakout Beyond е патување во непознатото, каде секој момент е уникатен и секоја победа е слатка симфонија на вештина и рефлекси. Со прекрасна, надреална музичка подлога, изобилство од аудио и видео ефекти, играта нуди хипнотизирачко и незаброравно искуство, особено доколку навлезете во неа со уште еден играч. Доколку сте фанови на оваа класична и безвременска формула тогаш дефинитивно проверете ја играта на Choice Provisions и Atari!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Choice Provisions
  • Издава: Atari
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 25 март 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk