дот во Бразил им наложи на Apple и Google да ја отстранат апликацијата Secret oд нивните продавници, а Microsoft треба да ја отстрани бразилската верзија на Cryptic. Дополнително компаниите треба да ја избришат апликацијата од телефоните на корисниците од Бразил.
Станува збор за апликации кои се користат за анонимно испраќање на пораки, но дел од корисниците анонимноста ја злоупотребуваат за сајбер насилство. Креаторите на апликацијата додадоа филтер кој треба да ги заштити корисниците од насилство, но поголем проблем за користење на апликацијате е тоа што во Уставот на Бразил анонимноста е забранета. Дополнително, доколку некој сака некој пост да биде отстранет, треба да испрати писмо до американски судија, преку Министерството за надворешни работи на Бразил, за што јавниот обвинител Марсело Зенкер смета дека е прекомплицирано, јави Gigaom.
Адвокатот на одбраната се обиде да објасни дека сепак корисниците кои анонимно ја користат апликацијата можат да бидат пронајдени преку имејл адресите и телефонските броеви. Secret е загрижен за јавниот имиџ, па се обидува ги заштити своите корисници, затоа компанијата ги најми TaskUs од Филипини, кои веќе имаат искуство со модерирање на анонимни апликации како Whisper и Yik Yak. Google, Apple и Microsoft имаат десет дена да ја извршат одлуката на судот или да ја обжалат одлуката, доколку не ја отстранат апликацијата по десеттиот ден, ќе бидат казнети со 8.890 долари дневно, за секој ден до отстранувањето на Secret.







