Автономното возило на Google може да оди 10 km/h побрзо од ограничувањето

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Автомобилот застанува на стоп знаци. Без проблеми минува на кривините. Нема неконтролирани движења или клацкање. Највпечатлива работа за возењето е што е потполно здодевно. Додека овие зборови од Пол Инграсија од Reuters за најголем дел од автомобилите не се голема пофалба, за автономното возило на Google речиси и да не може да бидат подобри. Автономното возило на Google иако беше критикувано за својот изглед – и вистина личи на автомобил за кловнови – сепак добива пофалби за своите можности да вози самостојно, без помош од човек.

Тоа што е интересно е што автономното возило на Google е дизајнирано да оди до 10 килметри на час побрзо од ограничувањето, бидејќи луѓето од Google веруваат дека возењето споро може да биде исто толку опасно. Со можност да забрза, автомобилот ќе може и да ги избегне опасностите кои ќе ги детектира. „Илјадници луѓе умираат во сообраќајни незгоди секоја година. Ова може да го промени тоа“, вели Дмитри Долгов еден од задолжените за развој на автономното возило.

„На предниот дел е закачен радар за избегнување на судирите. Уште почуден е ротирачкиот цилиндар преполн со ласери, камери, сензори и останати уреди за навигација кој се наоѓа на кровот на возилото“, пишува г. Инграсија од Reuters. Цилиндерот е прицврстен на грди метални лежишта, што покажува дека за елеганцијата, како и за бизнис планот времето сè уште не е дојдено, велат првите тестери. За време на 25 минутното возење, колку што траеше презентацијата единствен чуден момент е што како тестер, г. Инграсија седел на задното седиште што досега не се случило. Според неговите зборови доколку не ги гледаше рацете на г. Долгов на возачкото седиште ќе беше убеден дека тој управува со возилото.

„Долгов на предното седиште, ја внесе посакуваната дестинација на лаптопот кој е споен со автомобилот. Автомобилот ја мапираше рутата и тргна. Единствена возбуда која се случи, е кога едно возило ни го пресече патот. Автономното возило закочи, а возачот на другото возило набрзина го поправи својот курс“.

[youtube]CqSDWoAhvLU[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk