0 коментари 2 мин. читање 27 јули, 2010

Бранко Црвенковски беше мртов според Wikipedia

Според Wikipedia нa англиски јазик поранешниот претседател на Македонија беше мртов! Бранко Црвенковски умрел од својот ум, тој е мртов за македонците, велeше веб енциклопедијата на англиски јазик. На Wikipedia стои дека умрел на 21 јули, 2010 што значи дека вандалскиот чин е направен пред шест дена. Текстот е поправен сега.

За Wikipedia не е ново да се вандализираат страните и да се вметнуваат глупости. Секако дека врз текстот стои дека „на овој текст му се потребни додатни цитати и извори за верификација“ но општиот проблем со енциклопедијата е што секој има пристап до уредување на текстовите. А дополнителен проблем за администраторите на англиската верзија на енциклопедијата е што не се кој знае информирани за локални личности и настани па може и да поверуваат на најновите измени кои во овој случај се само вандалски чин. Еве како да се справите со вандализам на Wikipedija.

Што се однесува до Википедија на македонски тексто за г-динот. Црвенковски не беше вандализиран, но тој е доста актуелна тема тука па не верувам дека македонските администратори ќе дозволат такви радикални измени.

(via @hemicarot)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top