0 коментари 1 мин. читање

Boston Dynamics го претстави својот нов робот Stretch

Новиот робот на Boston Dynamics е сосем различен од она на што сме навикнати од компанијата. По хуманоидниот робот Atlas, и кучето Spot, компанијата презентира нов робот Stretch.

За разлика од претходните роботи кои беа предвидени за работа на отворено Stretch ќе се користи во магацини и погони. Дизајнот на роботот е многу посличен на традиционалните роботи и ќе биде комерцијално достапен. Роботот може да подигне товар од педесетина килограми, а за разлика од традиционалните „раце“ Stretch доаѓа со подвижно тело.

„Мобилната подлога на Stretch му овозможува да оди каде што е потребно репетитивно подигање на кутии – растовар на камион, товарање на палети со кутии и подготвување на нарачки за испорака. Stretch ќе ја направи работата во магацини поефикасна и побезбедна за работниците“.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top