2 коментари 1 мин. читање

Борејќи се против цензура, Anonymous претстави ривал на Pastebin

Хактивистите Anonymous го претставија AnonPaste, кој е алтернатива на Pastebin сервисот кој неодамна се закани дека ќе ги цензурира сите постови кои содржат украдени информации.

Pastebin не само што е лесен за користење туку и дозволува анонимно закачување на постови, без потреба од регистрација. Токму поради тоа Anonymous и други хакери го користеа овој сервис за да закачуваат постови со украдени, пробиени информации. Сега, откако Pastebe реши да си го исчисти името од негативниот публицитет и се закани дека ќе цензурира, Anonymous го стартуват АnonPaste сервисот кој е најавен како „тотално безбедна алтернатива“.

Според креаторите на сајтот, кои велат дека се дел од Anonymous и People Liberation Front, сервисот нема да собира логови за IP-адресата на корисниците, и ќе ги енкриптира лозинките за да се обезбеди анонимноста на корисниците. Ќе нема цензура и модерација бидејќи „веруваме дека информацијата мора да биде слободна“.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top