Блокчејн и Web3 самит во Скопје: Македонска Крипто Конференција #3 на 6 септември во МКЦ

0 коментари 3 мин. читање

Скопје овој викенд ќе биде домаќин на Македонската Крипто Конференција #3 (МКК3). Ова е водечки настан во Македонија посветен на блокчејн технологијата, дигиталните валути и иднината на Web3. Конференцијата ќе се одржи на 6 септември во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Кино Фросина, со почеток во 10:00 часот. Влезот е бесплатен, но бројот на места е ограничен на 300. Конференцијата е заедничка организација на „Крипто Гемиџија“ и порталот „Мотика“.

Говорејќи за визијата зад настанот, Антонио Ѓоргиев, препознатлив како „Крипто Гемиџија“ вели:

„YouTube Каналот Крипто Гемиџија работи на едукација на македонскиот народ за Блокчејн технологијата уште од 2021-22 година, но ваквите средби со нашата публика се клучни за зближување на заедницата и градење на успешна соработка помеѓу презентерите/стручните лица и нашата македонска публика. Секоја година организираме по еден ваков настан и ова е Третата Македонска Крипто конференција, годинава за прв пат во соработка со Мотика, со надеж дека ќе продолжиме и во иднина со исто темпо да носиме се повеќе стручни лица со цел да донесеме повеќе едукација за македонскиот народ.

Овогодишното издание носи интересна листа на говорници и теми кои ќе бидат интересни за посетителите:

  • Антонио Ѓоргиев (Крипто Гемиџија) – Токенизација на финансиските пазари
  • Катерина Смиљковиќ (IPrio) – Интелектуална сопственост на блокчејн
  • Давор Илиев (Мотика) – Интеррегнум на нашето време
  • Никола КотелиПрактична примена на блокчејн технологијата во DePIN
  • Филип ТашковскиИнтеграција на блокчејн технологијата и тројното сметководство за зголемување на транспарентноста во ревизијата
  • Давор Бошкоски (основач на ArtChain) – Why NFTs Matter, NFT наспроти традиционална автентикација на уметност
  • Кристи Фунду (Egnatia Mir) – Нов мајнинг циклус, нови можности

За својата тема и пораката што сака да ја испрати, Давор Илиев од „Мотика“ открива:

Италијанскиот мислител Антонио Грамши го нарекол интеррегнум периодот кога стариот поредок умира, а новиот сè уште не се раѓа. Токму во таа празнина живееме денес. На конференцијата ќе изнесам визија за тоа каде ќе оди светот во следната деценија, со посебен фокус на блокчејнот како една од алатките со кои можеме моќта да им ја вратиме на луѓето, наместо да дозволиме да се затвори во рацете на неколкумина.

Панел дискусии и технички фокус

Покрај предавањата, ќе се одржат и две панел дискусии:

  1. Вештачка интелигенција и крипто – практична анализа на AI интеграцијата во Web3: кои проекти реално функционираат денес, како да се имплементира технологијата и колку е реално развиена во моментов.
  2. Токенизација на реалниот свет – визија за децентрализирана иднина каде физичките средства стануваат дигитални токени, отклучувајќи ги глобалните пазари и овозможувајќи заедничка сопственост.

Настанот е дизајниран да ги премости техничката и пошироката публика. Говорите ќе бидат лесно разбирливи и за луѓе без предзнаење. Сепак, панел дискусиите се за оние кои сакаат подлабоко да навлезат во практичната примена.

Околу тоа зошто е важно ова знаење денес, Антонио Ѓоргиев додава:

„Во целиот свет се подготвува огромна надградба на секторот на Традиционални финансии од моменталниот Legacy систем кон негова напредна Блокчејн верзија. Не зборуваме за концептуална технологија, туку технологија која преку категориите на Токенизација, Stable коини, Oracles, DeFi е длабоко навлезена во највисоките институции на Традиционалните финансии. Во време кога SWIFT почна да оперира на блокчјен, во време кога DTCC почна да процесира Блокчејн трансакции, во време во кое најбитните хартии од вредност се масовно токенизирани, во време во кое BlackRock, Fidelity, Invesco итн имаат десетици милијарди директно инвеститорани во Крипто Spot ETF-и – КЛУЧНО е Македонецот дебело да се заинтересира за оваа технологија или повторно да бидеме последни за жал како по обичај… но ние сме упорни дечки, па едукацијата мора да продолжи!“

Секој регистриран учесник ќе добие бесплатен прирачник за крипто почетници. Настанот содржи и хуманитарна компонента преку доброволни прилози за Здружението на ветерани „Братство“.

Регистрацијата е веќе отворена на mkk.mk.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Дискусија

Уште никој не искоментирал на темава, биди прв...

Мени
Заедница
Изглед