Research in Motion излезе на BlackBerry DevCon Europe конференцијата со став дека треба „да се срушат некои митови“ врзани со BlackBerry апликациите и нивно користење.
Митот дека околу 75 милиони BlackBerry корисниците не користат апликации е лажен, вели RIM, бидејќи се симнуваат по 6 милиони апликации 174 милиони апликации месечно, или во просек по 30 симнувања за поединечен корисник годишно.
Во јануари 2012-та, Аpp World го забележа и 2 милијардитото симнување. BlackBerry продавницата има околу 60.000 апликации. Двете конкурентни продавници имаат далеку повеќе апликации, App Store е блиску до 600.000, а Android Marketplace има околу 400.000.
RIM откри и дека BlackBerry App World има повеќе симнувања на платени апликации од Android Market, односно е попрофитабилен. App World е и попривлечен за програмерите бидејќи им носи 40 отсто повеќе приходи на програмерите од Android Маркет, вели RIM. Дури 13 oтсто од програмерите на BlackBerry апликации имаат направено повеќе од 100.000 долари.