1 коментар 1 мин. читање

Бионично око

{mosimage}Дел од тимот на Институтот за Технологија – MIT (Massachusetts Institute of Technology) кои работат на проектот веќе 20 години, го направија првиот прототип за всадување на очна мрежница. Направата има големина како и вистинкото око на човекот и ќе нуди враќање на видот кај слепите лица и секако, подобрување на видот на лица со оштетен вид. Оваа направа практично претставува био-електронски додаток кој спроведува или праќа слики до мозокот преку конектор кој е тенок како едно човечко влакно.

Основачот на проектот, др. Џозеф Рицо, кој започна да работи на оваа тематика во 1980 година, заедно со група од 36 членови во тимот изјави:
“Поентата е значајно да го подобриме квалитетот на животот за слепите пациенти, и една од добрите работи во врска со бионичното око е дека целата направа е ситуирана надвор од окото, освен едно мало парче пластика, така да не навлегува во очното јаболко.”

{mosimage}

{mosimage}

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top