1 коментар 2 мин. читање 4 февруари, 2014

Бил Гејтс ќе се врати во Microsoft како советник за развој на нови уреди?

Сатја Нaдела најверојатно наскоро ќе биде претставен како извршен директор на Microsoft. Сепак најверојатниот кандидат за испразнетата фотеља на Стив Балмер, како услов за негово поставување побарал поголема ангажираност на Бил Гејтс во улога на советник во Microsoft, јавува Bloomberg. Бордот на директори размислува за уште една радикална одлука, замена на Бил Гејтс од функцијата претседавач на бордот во директор во развојот на уреди. Како заменик на г.Гејтс на претседавачкото место е најавен Џон Томсон.

Бил Гејтс со своето излегување од Microsoft најави дека и се посветува на филантропијата и никогаш повеќе нема да има полно работно време во компанијата. Сепак се шпекулира дека е можно г. Гејтс еден дел од неделата да помине во компанијата соработувајќи на развој на продукти, но никако во администрацијата. Со оглед на тоа дека Сатја Нaдела е изборот на г. Гејтс кога е во прашање позицијата на извршен директор не треба да изненади нивната блиска соработка, барем во почетокот на поставувањето на новиот директор. Бордот на Microsoft ќе се сретне на почетокот на следната недела да го постави извршниот директор на компанијата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Ime
Ime
12 years ago

Надела не Недела :D

Мени
Заедница
Изглед
To top