Безбедносен пропуст на Steam им овозможува на хакери да преземат контрола врз вашиот компјутер

0 коментари 1 мин. читање

Безбедносен пропуст на Steam апликацијата веќе 10 години им овозможува на напаѓачите преку Steam клиентот да преземат контрола врз компјутерот.

Доба вест е дека најлошата верзија е веќе надмината. Steam од лани издаде закрпа со која овој проблем е надминат. Сепак безбедносен истражувач од компанијата Context вели дека системот сè уште има можност за злоупотреба.

Добра вест, ако воопшто може да се нарече така, е дека по безбедносната закрпа нема опасност од преземање на контрола врз компјутерот. Најголемата беља која напаѓачот може да ја направи сега е да го крашне Steam клиентот.

Ако пропустот се комбинира со друг може да се искористи за инсталирање на малициозен код и со тоа повторно да се преземе контрола врз компјутерот на жртвата, вели Gizmodo.

Досега нема показатели дека пропустот активно бил користен. Сепак Steam има 125 милиони корисници и постоењето на пропуст кој може едноставно да се злоупотреби е голем проблем.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед