Бета верзијата на Steam доби информативни страни за издавачи и девелопери

Со години наназад, Steam го држи монополот како ултимативната алатка не само за купување и играње игри туку и за уникатна социјализација со истомислениците.

Доколку ја проверите бета верзијата на Steam ќе најдете уште две причини кои дополнително го цементираат оваа убедување.

Посебни страни за издавачи и девелопери

До сега, доколку сакавте да видите кои игри се во сенката на одреден издавач или девелопер кликнувавте на името и добивавте крајно еднолична листа од игри. Функционално, да, но не без никакви визуелни стимуланси за вашите и онака напатени гејмерски очи. Новите страни им дозволуваат на Steam корисниците да ги следат нивните омилени издавачи и девелопери и автоматски да бидат известени штом некоја нова игра се исфрли. Студијата, пак, можат целосно да ги уредуват страните преку флексибилни урнеци и сервирање детални податоци за секоја игра, видливи места пополнети од најпродавани игри, идни изданија, игри кои се со попуст и слично. Изгледа навистина освежително и информативно. Оние студија кои имаат само игра-две можат да го посветат просторот на најави за нивни идни игри.

Од Valve се изјаснија дека планираат да додаваат нови функции, а она што веќе е на понуда е подложно на промени и дополнителни исправки. Тоа не значи дека заинтересираните корисници не можат да ја проверат моментната верзија така што ќе кликнат на Steam (горен, лев агол) и преку Settings ќе изберат Beta Participation.

Со оглед на тоа дека уредувањето на ваквите страни е оставено на самите издавачки и развојни студија, лесно може да бидете пресретнати со непополнета страна, но поголемите студија веќе имаат разработено интересни страни. Листа од студија кои веќе имаат направено информативни предни страни имате тука.

Напредна алатка за социјализација

Со проверка на бета верзијата на Steam Valve ќе може да проверите и нова и многу подобрена алатка за социјализирање со Steam пријателите. Новиот Steam Chat, кој некако потсетува на плукната Discord копија (што не мора да значи дека е лоша работа) отвора можности за напредно уредување на прегледот на пријателите, разговарање во група во пишана или аудио форма и надградени можности за споделување. Прво нешто што ќе забележите е впечатли хирушки зафати во поглед на изгледот и функционалноста. Преку листата за пријатели можете да одбирате кои луѓе или групи од луѓе да ви се омилени и на дофат на прстите, а сите пријатели автоматски се групираат во зависност од тоа дали се онлајн, како и дали и со која игра решиле да го пополнат слободното време.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments