Беспилотните летала мора да се регулираат, вели Ерик Шмит од Google

во Свет

Google предупредува од сериозно нарушување на приватноста доколку малите беспилотни летала (drones) не бидат регулирани. Мини леталата, снабдени со камера кои се управуваат од далечина, стануваат се популарни, па во блиска иднина би можеле да се злоупотребуваат во ривалства помеѓу соседите.

„Како би се чувствувале доколку леталото на соседот со кој не се согласувате, постојано ја облетува вашата куќа?“, вели претседателот на бордот на Google, Ерик Шмит за Guardian.

Сепак во споредба со проблемите кои се посериозни, ваквото набљудување би можело да изгледа безопасно. Како прилично екстремен пример е искористена можноста вакви беспилотни летала да се најдат во рацете на екстремисти или терористи кои ќе ги наполнат со експлозив и ќе ги испратат кон „целта“. Поради ова г. Шмит се залага за целосна регулација на сите беспилотни летала. Според него, сосема е различно кога државите имаат ваква моќ, бидејќи тие имаат легитимитет. Сепак основачот на Google смета дека напредокот нема само да им олесни на екстремистите. Неодамнишните слики од терористи кои се кријат во пештери во Авганистан, или криминален картел на границата помеѓу САД и Мексико, наскоро ќе бидат минато.

„Нужноста на терористите да комуницираат преку Интерент ќе претставува сериоен проблем со криењето. Ако се конектираат ќе остават дигитален отпечаток, а тоа прави да може да се детектираат.“, вели г.Шмит.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk