{mosimage}Battlefield Heroes е интересна онлајн пуцачка игра која нуди војна во комична околина. Играта е бесплатна и се игра преку прелистувач, а содржи 2 фракции Royal и National Аrmy со по 3 класи, кои низ 4 мапи се обидуваат да ги заземат знамињата за да победат.
За разлика од другите пуцачки игри Battlefield Heroes не е толку сериозна. Иако сте во реално и убаво дизајнирани градчиња и околина сепак начинот на кој се движат војниците или комуницираат е доста смешен. И самото војување е доста интересно дизајнирано и си има свој шарм што се вклопува перфектно со целокупната атмосфера.
Како што војувате така вашиот војник качува левели и добива поени кои можат подоцна да се искористат за унапредување на способностите и добивање нови оружја. Добивате и поени со кои можете да си го промените изгледот на ликот, да му облечете килт, одело, костурски костим, вештерска капа, морнарско одело….
Откако ќе качите одреден левел т.е „вештина“ серверот ве поврзува со други играчи од ваше ниво, што е доста практично за тие што прв пат играат онлајн игри да не наидат на „ветерани“ па да им се смачи од умирањето.
{mosimage}
{mosimage}
Инаку во играта има и возила, односно џип со кој бргу стигнувате до одредено место, тенк и авион. Во секое возило можете да се качат повеќе војници. Пример на авионот да има пилот и двајца на секое крило кои ќе пукаат на се живо под нив. Или возач и уште една базука качени на тенк.
{mosimage}
{mosimage}
Се што ви е потребно да играте е да се инсталира малиот клиент и да се регистрирате на сајтот. Играта е бесплатна, но за „екстра услуги“ ќе мора да платите.
Што се однесува до потребниот хардвер, не мора да се грижите. Потребно е само интернет конекција, што ако го читате овој текст на IТ.com.mk очигледно ја имате.
{mosimage}






