За само една година работа батеријата на Tesla ѝ заштеди на Јужна Австралија 40 милиони долари. Станува збор за истата батерија за која Елон Маск се обложи дека ќе ја направи за 100 дена или ќе биде бесплатна.
Една година подоцна отплатени се 40 милион долари. Целата батерија чини 66 милиони, што значи дека некаде по изминувањето на половина од 2019 година батеријата ќе биде исплатена во целост.
Батеријата успеа да се справи со сите предизвици. Ги издржа сите падови на мрежа, сите прекини на работа и го надополнуваше производството со потребната енергија во периодите на најголемите оптоварувања.
Компанијата Aurecon неодамна ги објави резултатите од првата година на работа. Перформансите на првата ваква батерија покажуваат дека во иднина вакви системи би можеле значително да помогнат со стабилноста, достапноста и одржливоста на енергетските системи во Австралија.
Батеријата е само еден дел од системот, но по сѐ изгледа дека уште во првата година успеа да ја докаже корисноста.
Батеријата барем 70% од својот капацитет го чува во резерва за користење во итни случаи. Со другите 30% управува компанијата Neoen која може и да ја продава електричната енергија. Во случај на потреба, батеријата се вклучува и мрежата продолжува да работи.
Батеријата на Tesla е три пати поголема од најголемата батерија произведена претходно.