Шест градски суперблокови во Барселона се дел од експеримент со кој ќе се овозможи граѓаните, а не возилата да поседуваат најголем дел од градот. Планот е стотици блокови во градот во иднина да бидат вакви суперблокови во кој децата и дрвјата ќе го земат местото на возилата на улиците. Првите тестови започнаа во 2016, но нов извештај покажува дека градот би можел бројот да го намали бројот на прерано починати за 667.
Девет градски блока се споени во еден „суперблок“. Во овие зони нема возење освен за специјални возила, а и за овие возила брзината е ограничена на 10 km/h. Возилата на жителите во овие квартови се паркирани во под земја.
На овие локации во градот нема простор за возење, но ниту за паркирање на возила. Ова не само што го намалува загадувањето поради возење, туку ги прави и овие места потивки. Ова секако го подига квалитетот на живот во овие делови од градот.
„Автомобилите заземаат 60% од јавниот простор низ градот. Штом го прераспределите тој простор и ја ребалансите ситуацијата, поддржувате групи кои дотогаш немале пристап до тој простор“, вели заменик градоначалникот на Барселона за BBC.
Планот за целосна имплементација на суперблоковите е амбициозен. Вкупниот број на вакви „ќелии“ треба да се зголеми на 503, што ќе биде предизвик. Доколку успеат предвидувањата се дека бројот на мртви поради загадување ќе се намали за 291, жртвите на топлотните удари ќе се намалат на 117. Придобивка од потивкото живеење е 163 животи. Во просек животот на секој жител во Барселона ќе се зголеми за 200 дена.