Барања до Google да ја прекине цензурираната верзија на пребарувачот во Кина

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Дел од вработените од Google повторно побараа од компанијата да се откаже од развојот на контроверзниот пребарувач за Кина, Project Dragonfly.

Всушност не станува збор за нова платформа туку за цензурирана верзија на сегашниот пребарувач. Според дел од вработените во Google оваа верзија на пребарувачот ќе им помогне единствено на кинеските власти во надгледување на населението.

„Нашето противење на Dragonfly не е само против Кина. Се противиме на технологии кои им помагаат на моќните во угнетувањето на ранливите, каде и да се. Кинеската влада секако не е сама по својата подготвеност да ја задуши слободата на изразување, и да користи надзор за да го потисне несогласувањето. Dragonfly во Кина ќе воспостави опасен преседан во нестабилно политичко време, тоа ќе му отежне на Google да одбие слични отстапки во други држави.“

Постот на Medium е потпишан од мал дел, шеесетина противници на проектот. Сепак атмосферата во Google не е позитивна кога овој договор помеѓу кинеските власти и Google е во прашање. Дел од вработените стравуваат дека Google ќе стане соучесник на кинеската власт во нарушувањето на човековите права. Дополнително, со право се стравува и дека повеќе различни држави можат да започнат со различни барања и сопствени верзии за Google пребарувањата, но и повеќе. На пример Кина побара креирање на заедничка група која ќе работи на прифатливи термини во пребарувачот. Веројатно најголем проблем е барањето за идентификување на телефонските броеви од кои се пребарува одреден термин.

„Dragonfly, ќе овозможи дезинформации и цензурата диригирани од владата, и ќе ја дестабилизира основната вистината на која се потпираат јавното мислење и дисидентите. Имајќи го предвид извештајот на кинеската влада за потиснување на дисидентските гласови, ваквата контрола, веројатно, ќе биде искористена за да ги замолчи маргинализираните и да ги зајакне информациите кои ги промовираат владините интереси.“

Поддршка на последниот протест на вработените во Google, дојде и од Amnesty International, кој додадоа дека вредностите кои се промовираат со Dragonfly, не се исти со оние кои ги промовира Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] веста излезе во јавноста, а речиси веднаш започнаа и протестите на вработените. Главна причина за протестите е овозможувањето на […]