Претседателот на САД, Барак Обама, се вклучи во битката против „брзите линии“ од кои големите провајдери сакаат да заработат, во замена на слободниот пристап до било кој сајт. Неговиот план е Интернетот да се рекласифицирање како комунална услуга, што ќе и озможи на Федералната комисија за комуникации поригорозни закони за одржување на отворен интернет.
Барањето на г.Обама е рекласификација на провајдерите на широкопојасен интернет во Title II на Telecommunication Act, со што Интернетот би бил на исто рамниште со телефонијата во САД. Ова би овозможило фер цена, неограничен пристап за секој корисник во САД и нема да има фаворизирање на сајтови на клиенти кои се уценети да им плаќаат на провајдерите.
„Отворениот интернет е клучен за развој на американската економија и се повеќе за нашиот начин на живот. Со намалување на цената на лансирање на нова идеја, потстрек за ново политичко движење и собирајќи ги заедниците заедно, Интернет е еден од најважните влијание за демократизацијата на влијанието кое светот било кога го познавал…“, вели г. Обама. „Интернет неутралноста е вградена во интернет од неговото креирање – но ова е и принцип кој не смееме да го земеме здраво за готово. Не смееме да им овозможиме на провајдерите да го ограничат најдобриот пристап или да одбираат победници и губитници за услуги и идеи.“
Четирите основи правила за кои се залага американскиот претседател се едноставни:
- Нема блокирање. Доколку корисникот побара пристап до веб сајт или услуга чија содржина е легална провајдерот не смее да ја блокира.
- Без пригушување. Провајдерите не смеат намерно да ја намалат брзината или да забрзаат пристап на сајтови.
- Поголема транспарентност. Интернет не е единствено за „последната милја“ – конекцијата до домот на корисниците. FCC мора да ја набљудува можната злоупотреба низ целата мрежа
- Без плаќање за приотеризација. Претседателот на САД кажа одлучно не на брзите и бавни ленти, и побара забрана за платената приоритизација на интернет сообраќајот.
Ќе биде интересно да се види реакцијата на FCC која е под притисок на техничките компании, либералите и претседатолот од една страна, а од друга страна се конзервативците и провајдерите на интернет услуги. Verzion, како еден од водечките провајдери во САД, веќе се закани со тужба против FCC доколку комисијата остане на ставот дека интернет неутралноста мора да се задржи.
[youtube]uKcjQPVwfDk[/youtube]