Банките ќе си креираат сопствена дигитална валута

Шест најголеми светски банки започнуваат со заеднички проeкт за креирање на сопствена дигитална валута. Utility Settlement Coin (USC) е криптовалута која на банките ќе им помогне за меѓусебни трансакции.

Barclays, Credit Suisse, Canadian Imperial Bank of Commerce, HSBC, MUFG и State Street се банките зад овој проект. Тие им се приклучија на UBS, BNY Mellon, Deutsche Bank, Santander, NEX и стартапот Clearmatics. Дигиталната валута ќе се базира на blockchain технологијата на која се засновани и останататите крипто валути.

Проектот е во фаза на развој во која банките започнуваат да размислуваат за приватноста на податоците и сајбер безбедноста, јави Financial Times. Тестовите кои се прават засега се фокусирани на промена на сопственоста на валутите.

Користењето на крипто валутите ќе овозможи монетата веднаш да отиде кај новиот сопственик. Utility Settlement Coin ќе може да се користи и за купување на обврзници и акции без чекањето за трансакции. Ова ќе ги замени сегашните интербанкарски системи. Банките се надеваат дека  решението ќе биде побрзо, поевтино и подоверливо од сегашниот систем.

„Blockchain е добар и издржлив систем. Интересно е што Bitcoin од зачетоците не е пробиен. А сепак технологијата е отворено достапна“, вели Алкс Батлин, од BNY Mellon.

Експерите сметаат дека економијата поддржана од криптовалута ќе обезбеди поголема стабилност, економски раст и поефикасна монтеарна политика.

Криптовалутите во банкарските системи ќе се внесуваат етапно, во зависност од развојот. Првата фаза на Utility Settlement Coin ќе биде користење на валутата за конверзија на различни валути.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk