За тоа какво влијание имаат лажните вести на сајтовите имаме зборувано во бројни наврати, и не е никаква тајна дека оние кои се етички оперирани не само што имаат огромно влијание на светската (политичка) клима, туку и можат значително да се збогатат во процесот. Работите стануваат значително поинтересни во ситуации кога едноставно не можете да ги препознаете итрите тактики и се најдете во ситуација кога не знаете на што да верувате.
Bad News е игра во која вие сте еден од луѓето кои не бираат начини за ширење лажни вести, сè со цел да се привлечат следбеници и да се издигне сајтот на скалилото на кредибилитет кој е заснован на планина од лаги. За исполнување на оваа цел, потребно е да се истакнете низ социјалните платформи и да генерирате интерес со контроверзни, click-bait наслови, но и да внимавате да не претерате, затоа што амбициозните планови ќе ви експлодираат во лице доколку кажувате очигледни лаги или пак ги разочарате луѓето кои ве подржуваат.
„Овие техники (имплементирани во играта) постојат и се користат од вистински луѓе“, објасни директорот на Social Decision-Making Laboratory, од Кембриџ универзитетот. „Она што ние се трудиме да направиме е да ја оттргнеме само-наметната мистерија и да ги објасниме овие техники, како да се забележат, препознаат и како да не влијаат врз читателите.“ Директорот Др. Сандер ван дер Линден објаснува дека ефектот од нивната игра би требало да е сличен со посетување магична претстава. „Ако одите да видите магична претстава по прв пат, вие сте запрепастени ако не знаете како функционира. Но, кога магионичарот ќе ви ги објасни триковите, вие нема да можете да биде излажани наредниот пат.“
Bad News е игра која ја играте од комфорот на вашиот прелистувач!