Автопилотот на Tesla е виновен за сообраќајката од минатата година, потврди истрагата

во Вести

Користењето на автопилот во ситуација која не е пригодна е причината за сообраќајната незгода во која загина Џошуа Браун. Ова е резултатот на истрагата на Комисијата за безбедност во сообраќајот на САД.

Џошуа Браун е брва жртва на автопилотот на Tesla и на автономните возила воопшто. Незгодата во коjа г. Браун го загуби животот се случи пред една година, во Флорида. Тогаш ниту возилото, ниту возачот не реагираа на приколката на камионот кој возеше пред возилото. Проблемот беше висината на приколката што го збуни роботот да не ја препознае опасноста. Трагичниот прв удар на возилото беше на шофершајбната што ги блокираше автоматските безбедносни системи.

Проблемот настана бидејќи Tesla на возачот му овозможува долг период да го користи автоматското возење без да преземе контрола. Со оглед на тоа дека нивото на автоматизација на Tesla е 2, возачот сепак морал да преземе контрола. Ситуацијата во која се најде возилото на патот, воопшто не е предивидена за автоматско возење што е една од причините за незгодата.

Претставник на Tesla за Ars Technica повторно појасни дека автоматското управување е функција која е во развој. Користењето во долг период не значи дека корисникот може да биде невнимателен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk