0 коментари 2 мин. читање 24 јули, 2023

Автоматизирајте акции и вклучување програми со KeyMapper

Кога ќе седнете пред компјутер, што и да сакате да направите потребно ви е време. Две-три секунди за ова, десетина секунди за она, и така натаму, знаете како оди… KeyMapper е апликација со само една мисија: да го скрати времето кое ви е потребно за изведување најразлични акции во оперативниот систем.

Па така, со претискање на одредено, претходно дефинирано копче на тастатурата можете да започнете покренување на одреден програм или пак одредена операција.

Најголема предност од употребата на KeyMapper ќе извлечете доколку вашата тастатура не скратена и го има нумеричкиот дел, односно бројките и копчињата на десната тастатура кои (скоро) никогаш не ги користиме.

Преку менито Mapping, изберете ја функцијата Create New Mapping и од понуденото ќе можете да потенцирате дали сакате да направите нова кратенка, на кое копче и со која функција.

KeyMapper е исклучително user friendly и сликовито ви ги прикажува сите модификации за да знаете кое копчиња сте ги веќе искористиле и за каква цел ги користите истите.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top