Австралискиот парламент го донесе најавениот контрoверзен закон за сајбер-криминал. Законот, со кој Австралија ќе пристапи на конвенцијата на Советот на Европа од 2001 година, ги обврзува провајдерите да ги зачуваат податоците за дадени корисници подолг временски период. Дополнително, следењето на дадени корисници може да биде побарано од останатите држави-потписници на конвенцијата, вклучувајќи ги и САД. Провајдерот ќе мора да складира податоци за период од 180 дена, кои подоцна, по обезбеден налог, ќе може да ги предземат. Австралиските провајдерите имаат 28 дена да обезбедат системи и техника со кои ќе можат да зачуваат податоци.
На опасностите на законот предупредуваа и хактивистите Anonymous, кои направија серија превентивни напад со цел да се подигне свеста на јавното мислење за опасностите од складирањето на податоци. Сепак законот кој го донесе Австралискот Парламент не ист со оној кој го претставија Anonymous, иако тешко е веројатно дека овој закон ќе наиде на одобрување кај хактивистите кои се противат на секакво регулирање на Интернет, кој, според нив, е „слободна зона“. Периодот на следење ќе биде 6 месеци, а нема да се следат сите корисници како што беше најавено, туку само оние за кои се осомничени за сајбер криминал.
Вистинскиот проблем тука се неусогласените закони, а и казнени одредби, во повеќето држави потписници на конвенцијата за сајбер-криминал на Советот на Европа. Иако детска порнографија е прилично контроверзна тема, сепак нацртаните експлицитни цртежи на малолетници се одличен пример за дупките во законот. Во најголемиот број држави објавувањето на вакви содржини со малолетници е криминално дело, додека во САД ваквите содржини се под заштита на првиот амандман, па виртуелни екслицитни слики на малолетници не се сметаат за казнено дело.