0 коментари 3 мин. читање 22 ноември, 2018

Аукција за девојка на Facebook, друштвената мрежа не успеа да ја запре

Се чини дека нема добра вест за најголемата друштвена мрежа. Од недела во недела се појавуваат нови, непријатни податоци.

Шеснаесет годишно девојче од Судан беше продадено во јавно наддавање на друштвената мрежа. Ова е едно од најчестите повреди на човековите права во оваа африканска држава, а Facebook е нова локација која го овозможува ова варварство.

Ова користење на платформата би морало да биде недозволиво. За жал постот од друштвената мрежа беше избришан предоцна, вели Vice. На аукцијата „победи“ милионер кој понуди 530 крави, 3 Land Cruser V8 и 10 000 долари, а изгубија сите…

Постот во  кој се продава девојката е креиран на 25 октомври, Facebook го отстранил 15 дена подоцна на 9 ноември. Што точно разгледувале во меѓувреме е тешко да се претпостави и да се разбере воопшто. Мал проблем, на 9ти беше предоцна, свадбата на несреќната девојка заврши на 6 ноември.

Ако сметате дека е тешко дека Facebook може да ги разбере сите дијалекти и јазици, веројатно сте во право. Сепак тоа не ги оправдува овој пат, објавите беа на англиски.

Дополнителен проблем со креирање на првите постови во кој се продаваат девојки на Facebook е што наскоро без сомневање ќе видиме нови. Главна причина за ова секако ќе биде високата цена која милионерот ја плати за девојката. Со оглед на брзината со која друштвената мрежа се справува со сите проблеми, може да очекуваме да продолжат да ги бришат постовите пред или после свадбата…

Facebook за жал не е единствената платформа со проблеми со трговија со луѓе, но барем властите се обидуваат да ги затворат другите канали.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top