0 коментари 2 мин. читање 1 август, 2014

Audi тестира автономни возила на патиштата во Флорида

По Google, Volvo и Mercedez, сега и германскиот производител Audi започна со тестирање на автономни автомобили на јавни патишта. Тестовите, кои се прават во Флорида бидејќи таму има закон кој ги легализира роботските возила, имаат за цел да покажат дека модифициран Audi A7 е безбеден автономен автомобил кој за некоја година ќе може да се купи.

Роботскиот А7, првпат претставен во јануари на CES, e oпремен со еден куп сензори и камери кои ја проценуваат состојбата на патишатата на брзина од 60 километри на сат. Брзината не е спектакуларна, но е доволна да покаже дека автомобилот при нормално возење може сам да ги избегне другите учесници во сообраќајот. Интересно, Audi наиде на проблеми во тестирањето, па два пати мораше да ги подеси сензорите кои ја прекинуваа врската со централниот компјутер, пишува Tampa Bay Tribune.

Според Audi, предизвикот не е да се развие технологијата, туку да ги навикнат луѓето да се возат во роботски автомобил. Инстиктивно, секој возач ќе се фати за волан ако види дека автомобилот вози над 60 километри на час, и сигурно е застрашувачки да се стави сопствениот живот во „рацете“ на сензорите и нивната способност да препознаат опасност.

[youtube]b_m8DqTlOLE[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top